Тажни сте и нервозни и повторно посегнавте по солените или благите грицки или пак пеколните горештини ги ублаживте со чаша газиран пијалак.
Можеби не сте знаеле, но тие само краткотрајно ви даваат енергија, а потоа остануваат долгорочните негативни дејства. Информирајте се за овиенутриционистички гревови.
Ја смирувате нервозата со грицки?
Солените грицки како крекерите, стапчињата, чипсовите, но и брзата храна содржат премногу сол, па зголеменото внесување на овие производи ја блокираат работата на жлездите кои лачат адреналин, хормон кој на човечкиот организам му дава дополнителна енергија и го зголемува расположението. Доколку по овие грицки посегнувате кога сте напнати, треба да знаете дека по нивното консумирање ќе бидете понервозни, поуморни, а набргу и повторно гладни.
Лутите грицки т.е. производите како ѓумбир и чили се добри и корисни за организмот, но само ако се користат со цел. Во спротивно тие ја забрзуваат работата на виталните органи, па никако не смеете да ги консумирате кога сте под стрес. По внесувањето лута храна организмот добива нова енергија која се меша со стресот така што тој се зголемува. Освен тоа, лутата храна ве држи будни, па затоа избегнувајте ја пред спиење.
Слатките грицки преку кои внесувате шеќер предизвикува пад на концентрацијата, биење на срцето, заборавање, дури и тешкотии со видот и агресивност. Ако слатките ги јадете навечер тоа ќе ви го отежне сонот, а покрај тоа ќе ја изгубите и желбата за сон. Нивното дејство само моментално дава енергија која додека стигнете до креветот ќе се намали, а претераното количество шеќер сериозно го оптоварува панкреасот.
Проклетството наречено шолја кафе
Можеби и вам ова ви е омилената црна напивка која дејствува како јак стимулатор и е прва помош при поспаност и нервоза. Но дали сте знаеле дека кафето има и штетни дејства?
Кофеинот го стимулира создавањето на хормонот на стрес, го насобира салото околу половината, ги оштетува срцето и мозокот, а теоброминот и теофилинот можат да предизвикаат несоница.
Стресот од слатките меурчиња
Комбинацијата од кофеин, шеќер и вештачки бои е еднаква на стрес во шише. Неколку децилитри ладен газиран пијалак ќе ве освежи, но шеќерот ќе побрза во крвта, ќе се складира во панкреасот, а желудникот ќе се шокира од ладното и вие накратко ќе бидете хиперактивни до следното шише.