Распеани и разиграни Јамајканки и Кубанки заедно со Тајзи и неговиот бенд ни носат нешто навистина поинакво ова лето.
„На спотот „Амор” се работеше 3 дена ,станува збор за голема екипа, прекрасни луѓе и енергии од повеќе страни на светот. Ова е досега еден од најдобрите негови проекти”, велат од екипата која работеше на новиот видео запис.
Снимано е на повеќе локации- Каса Кубана и Роџер Пијано- Скопје и Куманово.
Спотот е на Владимир Дади Ивановски кој уште еднаш докажа зошто важи за еден од најдобрите македонски режисери, додека музиката и аранжманот се на Лазар Цветковски, а текстот и музика на Драган Величковски- Тајзи.
“
Кога станува збор за оваа тројка на уметници не е чудно што имаме ваков финален производ.
Освен што Тајзи е активен на музички план, тој стана и магистер по јавна администрација и локална самоуправа.
Во сабота, на плажата Немо, Тајзи ќе одржи голем концерт, а воедно ќе биде промовиран и новото видео за „Амор