Бизарен инцидент се случил минатата седмица на една свадба каде младоженец и кум се степале, а потоа интервенирала и полицијата.
Двајцата се степале поради песната „Шеки“, која ја пее Лепа Брена. Кумот му платил на оркестарот илјада евра за во наредниот час да ја свират само таа песна.
Но после неколку изведби на младоженецот му здодеало да ја слуша само таа песна па побарал музичарите да го променат репертоарот. По ова настанала кавга, а и физичка пресметка.
Хитовите на Лепа Брена изгледа дека покрај добра забава имаат моќ да направат и хаос.