Дали некогаш сте се запрашале како тоа домашните пуканки немаат исти вкус како оние во кино? Еве како да направите исти такви во својата кујна.
Сите знаеме како се прават пуканки, но сигурно сте забележале дека пуканките во кои уживате во кината заедно со својот омилен филм, имаат различен вкус од оние кои дома ги правите.
На овој начин ќе направите пуканки како оние од кината, но домашни, со проверени, квалитетни состојки.
Потребно ви е еден поголем сад, пченка, масло за јадење, путер, сол, а може да додадете и малку вино доколку сакате.
Пред да го додадете во пуканките, путерот треба да се растопи.
Ставете го во микробранова печка околу една минута.
Ставете го садот на оган и вклучете ја ринглата на најсилно.
Сипете масло за јадење и додадете половина чаша пченка.
Мешајте како зрната би се печеле рамномерно.
Кога ќе почнат да пукаат, поклопете го садот.
Додека пуканките се подготвуваат, отстранете ја пената од растопениот путер.
Кога пуканките се готови, време е да се додаде растопениот путер и да се посолат.
Додека го сипувате растопениот путер, ќе приметите дека некои делови се веќе стврднати. Тие делови не сипувајте ги врз пуканките.
Посолете ги пуканките.
Ќе добиете најубави пуканки кои некогаш сте ги направиле.