Бредли Купер толкува улога на славен готвач во неговиот најнов филм „Burnt“, а во првиот трејлер можеме да видиме колкав интензитет носи новата улога на славниот актер.
Адам Џонс е готвач кој ја уништил кариерата со користење на дрога. Откако ќе се исчисти се враќа во Лондон, решен повторно да се врати на врвот. Филмот е во режија на Џон Велс, а премиерата е закажана за 23 октомври.
Во останатите улоги ќе ги видиме Сиена Милер, Алисија Викандер, Ума Турман, Џејми Дорнан, Лили Џејмс и други.