Меган Фокс и Брајан Остин Грин наводно се разделиле после 11 години врска, пренесуваат странските медиуми.
Славниот пар не е заедно веќе шест месеци, а сето тоа затоа што долго време се расправале околу кариерата на актерката.
29-годишната Меган и 42-годишниот Брајан, кој се прослави по улогата во популарната серија „Беверли Хилс 90210“, имаат две деца – двегодишниот Ноу и 18-месечниот Боди.
– Меган го остави Брајан. Тоа го одлучија пред шест недели. Врската им беше во проблеми, се расправаа околу нејзината кариера – рекол изворот за медиумите.
Последен пат парот е виден заедно на 9 јули, а нивните портпароли се` уште се немаат огласено по повод овие наводи.
Тензиите во нивната врска се појавиле поради големото отстуство на Меган од дома, затоа што непрестано снимала филмови. Добар дел од оваа година поминала во Њујорк снимајќи го филмот „Нинџа желки“. Изворите велат дека Брајан сакал неговата сопруга повеќе време да поминува со семејството во нивниот дом во Лос Анџелес. Од друга страна, Меган е „опседната со добивање на улоги“.
„Таа е многу независна личност , а тоа не му се допаѓа на Брајан“, додал изворот.
Уште една причина за несогласувањата било и реновирањето на нивниот дом вреден 3.35 милиони долари. Наводно таа ги иницирала сите работи, но бидејќи никогаш не била дома, целата работа му била препуштена на нејзиниот сопруг.