Гламурозниот живот на младата грчка принцеза Марија Олимпија вклучува летување на Бахамите, Миконос и во Шкотска. Инаку Марија е најстара од петте деца.
Станува збор за 19-годишната Марија Олимпија, ќерка на принцот Павлос по потекло од Грција и принцезата Шантал, која живее во Лондон, но често патува и живее гламурозен живот.
Таа станува сè повеќе популарна кај британските и светските таблоиди, веќе се појави на насловните страници на неколку модни магазини, но сепак, нејзината најголема „модна писта“ е Инстаграм профилот. На својот профил на оваа социјална мрежа, Олимпија објавува фотографии од својот гламурозен живот, а освен што е принцеза, таа изгледа прекрасно и има одличен моден вкус.