На 27-ми август Лешок и Македонија со нетрпение го очекуваат јубилејното издание на фестивалот Амнезија со кој ќе се означи крајот на летото и враќањето на секојдневните обврски.
Со целовечерен концерт ќе настапат веќе проверените миленици на публиката Нокаут, со претходно загреваер на SheXpeare како и ConTruDj ( Zoki Conga, Dadoni Trumpet & Dj Mikar) и GrooveON .
Меѓу досегашните артисти кои настапувале на минатите изданија во Лешок ќе ги споменеме:
S.A.R.S, Bad Copy, Superhiks, Conquerin Lion, High Control, Parketi како и бројни диџеи од земјата и регионот. Од организаторите ни потврдуваат добра посетеност на фестивалот и оваа година (3000-4000 посетители) и бројка секоја следна година е се поголема.
Влезниците можете да ги најдете во претпродажба во Amnesia, Republic, 2Nice Bar и Trpopico pool, како и во бројните тобака низ Тетово по промотивна цена од 200 ден, а додека на влез истите ќе чинат 250.