Еден од креаторите кој во текот на последните децении најмалку отстапувал од добриот вкус и останал доследен на својот стил – Џорџо Армани, им открива на мажите како може да станат модерни, почитувани и успешни со помош на правилниот избор на гардероба.
1. Евтините чевли се лажна заштеда. Никогаш не штедете на клучните делови од гардеробата.
2. Балансот помеѓу животот и работата е клучот на успехот на секој маж. Јас го жртвував својот живот за работата и кога би можел да почнам одново, би го променил тоа.
3. Црната и сивата боја се најдобри за експериментирање. Слободно можете да експериментирате со кроевите и материјалите кога на себе ги имате овие две бои.
4. Никогаш не обрнувајте премногу внимание на тоа што ќе облечете. Најдобро облечените мажи се оние кои изгледаат како да посветиле минимателно труд за својот изглед.
5. Луѓето ми велат дека изгледам 20 години помлад и ме прашуваат во што е тајната. Во еден дел се работи за гените. Сепак, мислам дека е важна и самодисциплината. Не си легнувајте премногу доцна, не конзумирајте премногу алкохол, не пушете. Научете да се разберете и контролирате себеси.
6. Сексапилот на мажот е работа на самодвербата.
7. Сакото е основа на машката гардерба. Секогаш проверете дали е добро сошиено, дали добро паѓа и дали во него се чувствувате пријатно и самоуверено. Со доброто сако се останато е помалку важно.
8. Денес модните детали се почесто го одбележуваат стилот на мажот. Не штедете на добрите чевли, ремен, чанта и вратоврски. Рачниот часовник многу зборува за тоа каков маж сте. Јас носам часовник “Борго 21”, кој го обожавам.
9. Добро избран парфем може да стане ваша карактеристика. Мирисот е првата работа која луѓето ќе ја почувствуваат кога ќе влезете во просторија и последното што останува кога од неа ќе излезете.
10. Драго ми е што мажите повторно сакаат да изгледаат елегантно. Не го сакав гранџ стилот. Убеден сум дека елеганцијата е неминлива. За мене стилот е поважен од минливите трендови.