Најфотографираната жена на планетата позирала за фотограферите кога излегувала од италијанскиот ресторан каде била на ручек со пријателите.
Бремената Ким Кардашијан уживала во ручекот во еден ексклузивен италијански ресторан. Старлетата изгледала среќно и задоволно не обидувајќи се да го сокрие својот труднички стомак кој гордо го истакнала.
34 годишната ѕвезда се прошетала во црна дневна комбинација, но и во потпетици од кои не е спремна да се откаже ниту во бременоста.
Инаку, Ким била на ручек со продуцентот на реалното шоу „Keeping Up With The Kardashians“, каде најверојатно разговарале за понатамошна соработка.