Една просечна жена за време на својот живот поминува дури три години пред огледало. Најчесто се средува за работа, најмногу за излегување, на туширање дневно троши 22 минути, а на фризурата 23.
Секој маж барем еднаш во животот морал со саати да ја чека својата драга додека таа се спрема да излезат, а повеќето овој феномен го трпат секој ден.
Така еден просечен маж во животот поминува по три месеци чекајќи ја неговата најдрага да се среди, а за време на еден просечен шопинг тој поминува еден час и две минути чекајќи ја пред гардеробата.
Но, тоа не е ништо во споредба со она време кое жената го троши за да изгледа убаво. Една британска козметичка компанија организирала истражување кое покажало дека жените поминуваат цели три години со чешлање и спремање пред огледало.
Жените најчесто се средуваат пред да одат на работа, а на просечната дама и се потребни еден час и дванаесет минути за да се среди за излегување.
Како што покажало истражувањето, просечната жена троши 22 минути на туширање и депилирање, седум минути и требаат да нанесе млеко на телото, околу 23 минути за сушење на косата и правење на фризура. За нанесување на шминка и се потребни 14 минути, шест минути за облекување – секако доколку пред тоа одлучила што ќе носи.
Дури и козметичката компанија која го нарачала ова истражување била изненадена од тоа колку време поминуваат жените пред огледалото.