Скоро е невозможно е човекот да прости за сè, бидејќи секој има одредени принципи до кои се држи. Не е лесно да се прости, но за мал број луѓе тоа не претставува проблем.
Астролозите се едногласни кога велат дека има еден знак во хороскопот кој умее да прости речиси сѐ!
Станува збор за хороскопскиот знак Лав.
Лавовите се великодушен и разумни. Тие поседуваат нетипична внатрешна сила и спокојство, кои им даваат посебен сјај во очите. Внимателно ги бираат луѓето до кои се држат и тоа е клучот за нивната склоност да простуваат.
Лавовите не дозволуваат да им се приближат случајни луѓе во животот и многу внимателно го доживуваат секој од блиските со време и емоции.
Кога еден човек ќе влезе во нивниот живот, тоа значи дека тој е сигурен и може да се има доверба во него, речиси без никакви условности. Кога сепак ќе се случи некој да го предаде Лавот, во почетокот тој реагира како статуа и не изразува никакви емоции. Тоа е и нивно казнување – долгото молчење.
Ако предавството се случи во семејството, на Лавовите им треба многу повеќе време за да простат. Но, тие се подготвени на сѐ за семејството и знаат дека треба да направат компромис.
Кога претставниците на овој знак се предадени од близок пријател тие простуваат, но никогаш немаат доверба повторно како што имале порано. Ги вадат своите заклучоци, но не покажуваат посебна промена во однесувањето, но секогаш имаат една работа на ум и никогаш не го прифаќаат човекот повторно како нивен најблизок пријател.
Лавовите се хороскопскиот знак кој може да им прости сè на вистинските луѓе. Тие имаат златно срце и доволно храброст за да им верувате.