Новиот еротски филм, “50 нијанси на сиво” наводно ќе вклучува повеќе секс сцени отколку 100-те “најпровокативни” филмови во 2014 година.
Филмот кој својата премиера ќе ја доживее на Денот на заљубените ќе вклучува секс сцени во траење од 20 минути, од вкупно 100, колку што трае цел филм.
Овие информации ги откри актерот Џејми Дорнан, кој во филмот го игра Кристијан Греј, главниот лик.
Сепак, според неговото мислење филмот нема да биде порнографски, па дури ни еротски, иако многумина веќе сега го прогласија за најсексапилен филм на деценијата.