За потребите при снимањето на акциониот спектакл “Fast & Furious 7” биле уништени повеќе од 230 возила од рацете на Вин Дизел, Џејсон Статам и покојниот Пол Вокер.
Иако одредени примероци од брендовите Mercedes, Mitsubishi или Ford, кои се појавија во филмот, биле во возна состојба, продуцентите инсистирале на нивното целосно демолирање за да се избегне можноста некој евентуално да се повреди во автомобилите кои се специјално наменети за акциони сцени.
А, дека не се жалело ни пари, најдобро покажува податокот дека само во текот на снимањето за сцените со бркање во Колорадо се уништени повеќе од 40 различни возила од брзи автомобили до автобуси.