Откако на почетокот на април, седмото продолжение на „Брзи и Бесни“ доживеа успешна светска премиера, глумецот и продуцент Вин Дизел најави снимање на осмото продолжение на истоимениот филм.
Во текот на презентацијата во Лас Вегас, Вин Дизел, со едвај задржувајќи ги солзите, го најави следното продолжение на популарниот филмски серијал, прв кој ќе биде снимен без Пол Вокер, кој во 2013 година настрада на снимањето на овој филм.
– „Ви се колнам на вас и на мојот брат горе дека ќе го снимиме најдобриот филм кој некогаш сте го гледале“ – порача глумецот и ја најави премиерата на филмот „Брзи и Бесни 8“ за 14 април 2017 година.