По ненадејното заминување на Патрик Демпси (49) од серијата „Вовед во анатомија“ фановите започнаа петиција против авторката на серијата Шонда Рајмс (45).
Иако Демпси е исфрлен од серијата, фановите на интернет почнаа петиција „Вратете го згодниот доктор“ која ја потпишаа повеќе од 25.000 луѓе.
Тоа е како да сте го убиле претседателот на „Вовед во анатомија“, серијата без него нема смисла, што се случи со Шонда? – само се некои од коментарите на социјалните мрежи. Демпси изјави дека не му е жал што замина и дека сака да се посвети на трките.