Телевизијата Си-би-ес соопшти дека култната серија „Истрага на местото на злосторството“ (ЦСИ) ќе заврши по 15 сезони на емитување и тоа со телевизиски филм во траење од два часа.
– Серијата беше многу важна за мрежата. Беше една од сериите која помогна да се смени насоката и мило ни е што можеме да ја завршиме во вистинско време – изјави Кели Кал од Cи-би-ес.
Телевизијата вети „епски“ крај на серијата што ќе се емитува на 27 септември, а во него е најавено враќање на актерите Вилијам Петерсон и Марг Хелгбергер.