Шестата сезона од светски популарната серија „Игра на тронови“ („Game of Тhrones“), ќе се снима во Македонија, објави бриотанскиот интернет портал „express.co.uk“.
Истиот извор наведува дека серијата ќе се снима на брегот од Охридското Езеро, а покрај Охрид продукцијата ги одбрала уште Прилеп и Криволак.
Овие места се избрани бидејќи Охрид има стара архитектура, Марковите Кули се средновековен тврдина, а теренот на Криволак потсетува на пустина.
Снимањето треба да се реализира во март и април идната година.