По неверојатниот успех на анимираниот филм „Подлиот Јас“ и „Подлиот Јас 2“, постоеше глобален апетит за повеќе приказни од светот на слатките жолти суштества „Мињони“ кои ги креираше Илуминејшн Ентертејмент.
Основачот и директор на компанијата, Крис Меледандри ја коментира својата одлука за продолжението на приказната: „Ние не одлучивме да им дадеме свој филм на Мињоните, тие едноставно тоа го бараа. Кога го завршивме „Подлиот Јас 2“ екипата од стотина најнадарени луѓе кои некогаш сум ги запознал не можеше да престане да си игра со анимациите на тие мали ликови. Тие не се неодоливи поради изгледот, туку и поради контрадикторноста на желбата да бидат подли и исконската природа која ги создала да бидат предобри. Сите ги имаме тие две страни.
“ Дел од екипата е и Брајан Линч, кој со Меледандри работел на неколку проекти претходно, во студиото на 20th Century Fox, Blue Sky Studios. Линч објаснува зошто го прифатил овој предизвик: „Во секој од нас лежи по некој мињон. Луѓето се љубопитни од каде тие потекнуваат и сфативме дека би било забавно го истражиме тоа и на гледачите да им дадеме одговор.“
„Истовремено беше малку застрашувачки постојано во главата да ги слушаш гласовите на мињоните, но во овој случај тоа беше и од помош“, се смее Линч. Создавањето на дијалог на малите ликови не било лесна задача и било дури и потешко од создавањето на приказната.
„Најтешко е што нашите три главни ликови не зборат англиски, но Пјер одлично ни пренесе што сакаат да кажат.“ Линч ги објаснува и карактерите: „Иако постојано се шегуваат меѓусебно, тие се и взаемна поддршка. Кевин е големиот брат и без него тие одамна ќе исчезнеа. Стјуард е бунтовник и нему забавата му е пред се, додека Боб е некако најдетинест и се што ќе му се најде на патот многу лесно му одвлекува внимание. Тие делат братска љубов и тука се еден за друг.“
Поминаа три години откако Мајк го напушти животот на згоден стрипер. И остатокот од екипата е подготвен да го направи истото, но сакаат да го направат тоа на незаборавен начин: незаборавен последен настап во Мјуртл Бич во друштво на легендарниот Магичен Мајк. Мајк и момците ќе совладаат некои нови чекори и ќе се збогуваат со минатото на многу изненадувачки начин. Пред нас е продложението на „Магичниот Мајк ХХЛ“ и ни носи жешки танци, згодни момци и неодоливи девојки.
За Мајк никогаш не беа важни парите, жените, забавите и славата. Танцувањето е негова страст, а момците кои ги напушти се неговите најдобри пријатели. Ченинг Тејтум вели: „Во првиот филм се работеше за неговото противење со тој начин на живот, бидејќи се плашеше дека тоа го спречува во сознанието дека може да постигне многу повеќе. Сега кога гледа наназад, ги забележува добрите страни и како тие заедно добро се забавувале. Ништо не било совршено, но ништо и не е, а момците му се особено драги. Мајк напорно работеше три години и сега чувствува дека му треба старата страст.“
Филмот е чиста фикција, но некои делови се инспирирани токму од личното искуство на Тејтум, во периодот кога тој бил танчер. Актерите ја поздравуваат идејата за ова продолжение: „Немаше ниту еден досаден момент“, изјавува Џо Манганило кој во првиот дел е познат како Биг Ричи, додека остатокот од екипата ја сочинуваат Мет Бомер како совршениот Кен, Адам Родригез како латино сензацијата Тито, Кевин Наш како Тарзан и Габриел Иглезиас како МЦ, Тобијас.
Режисерот Грегори Џејкоб додава: „Ова е патувањето на Мајк, но и на сите нив. Поминавме многу време спојувајќи ја приказната со ликовите и посветивме внимание на фините детали при карактеризирање на ликовите, така да секој си доби прилика да се покаже и да блесне.“ Австралиската дивина е моќна позадина на многу филмови, а тој опасен пустош ќе биде прикажан во трилерот „Земја на странци“.
Во фокусот на остварувањето на режисерката Ким Фарант е животот на едно семејство во малото пустинско гратче кој се превртува наопаку кога нивните две деца мистериозно ќе исчезнат. Семејството Паркер се доселува во австралискиот пустински град Нетгари, кој се наоѓа далеку од другите урбани центри. Оставаат впечаток на пријатни соседи, но тешко стекнуваат нови пријатели. Особено децата – Лили продолжува како и секоја тинејџерка да ги поместува границите и ја истражува својата сексуалност, додека младиот Том месечари во сон. Една вечер, сопрузите Кетрин (Никол Кидман) и Метју (Џозеф Фајнс) откриваат дека децата исчезнале… Мајката набрзо паѓа во очај, додека насилничката природа на таткото полека испливува на површина, а страшна песочна бура се подготвува да удри во градот. Предводени од локалниот полицаец (Хуго Вивинг), жителите на градот се придружуваат на потрагата, додека градот се гуши во црвената прашина и темнината.
Додека температурата расте, шансите децата да преживеале се намалуваат од ден на ден. Кетрин и Метју ќе се најдат на раб на бездна, борејќи се за опстанокот на своите деца и надевајќи се дека ќе успеат да ја променат нивната неизвесна судбина. Покрај Никол Кидман, Хуго Вивинг, Џозеф Фајнс, во епизодни улоги се покавуваат и Шон Кинан, Николас Хамилтон, Лиса Фланаган и Тејлор Фергусон.
Дел трилер, дел психолошка драма, „Земја на странци“ експлодира со талентот и уверливиот тон на нараторот – режисерката Ким Фарант, на која ова и е прв долгометражен филм. Филмот „Земја на странци“ е премиерно прикажан на фестивалот Санденс, а публиката и критичарите се согласуваат за едно – Никол Кидман ја одигрува феноменално една од најтешките улоги во нејзината кариера.
Филмот “Мињони“ од 09.07.2015 ќе можете да го погледнете во кино салите на Cineplexx.