“Comic Con“ конвенцијата во Сан Диег која заврши изминатиот викенд покрај многуте информации и трејлери од популарните франшизи ни го донесе и најновиот трејлер за Batman v Superman: Dawn of Justice, долго очекуваниот блокбастер од DV Comics.
Фановите за прв пат во најновиот трејлер кој беше претставен во Сан Диего имаа можност да го подгледнат и изгледот на Wonder Woman, една од фан миленичките (играна од Гал Гадот) но и изгледот на главниот негативец Лекс Лутор (Џеси Ејсенберг).
Филмот во режија на Зек Снајдер е напишан од оскаровецот Крис Терио, кој пак веќе соработуваше со Бен Афлек на филмот Argo. Афлек сега во Batman v Superman: Dawn of Justice ќе ја толкува улогата на Брус Вејн/ Batman. Кларк Кент ќе биде Хенри Хавил, Гал Гадот ќе биде Дајана Принц/Wonder Woman, а по втор пат во улогата на Лоис Лејн ќе ја видиме актерката Ејми Адамс.
Премиерата на Batman v Superman: Dawn of Justice 25-ти март следната година.