Филмската продукција “Warner Bros” објави отворена аудиција за улога на девојче во филмот кој ќе биде своевидно пред продолжение за Хари Потер.
За улогата на Модести, девојче кое го прогонуваат духови и која умее да “гледа” низ луѓето право во нивното срце, се пријавиле над 20.000 деца.
Само за споредба, на аудицијата за улогата на Хари Потер имало “само” 16.000 момчиња.
Модести ќе биде една од главните ѕвезди на филмот “Fantastic beasts and where to find them”, правен според истоимената приказна на Џ.К.Ролинг, чија приказна е сместена во периодот 70 години пред случувањата во серијалот за Хари Потер.
Главниот лик е Њут Скамандер, магизоолог кој учел во Хогвартс и после се приклучил на Министерството за магија и Одделението за регулација и контрола на магичните суштества.
Филмот ќе го режира Дејвид Јејтс, кој ги режираше последните четири филма за Хари, а премиерата е закажана за ноември идната година.