Петото продолжение го редифинира поимот невозможно. Овој филмски серијал го прави тоа
уште од првото продолжение, каде ѕвездата на филмот и продуцент Том Круз открива како со секое ново продолжение ги надминува очекувањата на гледачите на сосема нов начин.
ИМФ е пред уништување, ЦИА не им верува, а открил дека злогласната организација има способност да уништи било каква мета и сака да им се придружи во уништувањето или го посакуваат Хант мртов. Тој ќе се најде пред најголемите предизвици на лојалност, издржливост и ќе мора да се соочи со познатиот шпион по име Исла Фауст.
Од самиот почеток на емитување, во шеесетите години на минатиот век, „Невозможна мисија“ беше славна по своите интензитет и борбата со времето кое само што не истекло. Истата постана и премиса за филмскиот серијал, а Хант мора да ги поседува сите особини и вештини да се носи со тој притисок. Тоа е голем предизвик за Круз и тимот, но предизвик кој со голема гордост го прифаќаат.
Извршниот продуцент Џејк Маерс објаснува: „Невозможна мисија не е само серијал, тоа е етос од својот
вид. Тоа е и тајната на популарноста на овие филмови – гледачите секогаш знаат дека ќе видат нешто
ново.“
Во минатото продолжение Хант од волк самотник станува водач на тимот, а сега ќе мора да ги докаже своите способности за водење и да го спаси ИМФ и светот од Синдикатот.
Се работи за тешкотии меѓу пријателството и лојалноста во моменти на најголема опасност. Кому да верувате? Кој ќе остане со вас? Кој ќе се откаже? Се работи за вистинско заедништво и борба со злото – вели Том Круз.
Во ова продолжение е присутна и голема доза на хумор, според зборовите на продуцентот Дејвид Елисон, основач и директор на компанијата Скајденс.
Мислам дека гледачите ќе се изненадат од духовитоста и хуморот во филмот, а целата приказна не е површна и односите меѓу ликовите се интелигентни. Тука е секако и интензивната акција и тоа го прави филмот едно забавно искуство – додава Елисон.
“Невозможна мисија 5 – Одметници“ во кината на „Cineplexx“.
Работни денови: 15:00, 16:15, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:40
Викенд: 13:40, 15:00, 16:15, 17:30, 18:45, 20:00, 21:15, 22:40