По повеќе од три години предпродукциски пекол, на есен пред малите екрани конечно ќе можеме да уживаме во адаптацијата на славниот роман на Филип К. Дик.
Дејството на серијата ќе биде сместено бо 1962 година, но во алтернативната верзија на историјата. Имено, Втората светска војна не ја добиле сојузничките сили, туку силите на Оската. САД се поделени на три дела. Западниот припаѓа на Јапонија и се вика „Пацифички држави на Америка“ (Pacific States of America), источниот припаѓа на Германците, а помеѓу се наоѓа „неутрална зона“ – „Rocky Mountain States“. Здравјето на Хитлер е нарушено, а за моќ се борат Химлер и Гебелс. Мнозинството се согласуваат дека поделбата на САД била грешка: Нацистите сега ја сакаат целата земја.
Работите во фашистичка Америка функционираат токму така како што можете и да го замислите. Слободата на говорот, мислите и делувањата, не постојат, а редот и мирот во земјата ги спроведува војска која ќе убие секој кој не се покорува на волјата на режимот. Токму поради тоа, во подрумите во Америка се раѓа пресврт на отпорот…