Започнува новата потера по поранешниот американски маринец и безстрашниот авантурист Џоел Ламберт во хит серијата “Лов на човекот со Џоел Ламберт”.
Овојпат тој не ги предизвикува најелитните воени тимови за следење, туку самостојни ловци, локални трагачи и полициски единици, во некои од најопасните терени на Земјата. Колку на Џоел ќе му помогне неговото воено искуство и бројните тренинзи, против прастарите методи за лов и следење. Оваа сезона се состои од седум епизоди во траење од по 60 минути, а премиерно на Дискавери започнува на 6 септември во 21 часот.
Снимањето на локации како Нов Зеланд, Монголија, Мексико и Шкотска, по Џоел ќе трагаат тим од обучени противници кои поседуваат далеку повеќе знаење за локалната околина додека тргнуваат во потера по него. Џоел се наоѓа далеку од својата комфорна зона, а зад петици му се непредвидливи тимови на ловци исто како што е непредвидлив и теренот на кој се наоѓа.
Правилата на игра се исти: Откако е оставен на некоја точка со основен пакет за преживување, канистер со вода и неколку замки, Џоел има 36 часа да стигне до однапред утврдена точка на екстракција, а се тоа додека постојано го бркаат. Ќе успее ли Џоел да им избега, или пак ќе стане жртва на предизвикувачкиот терен и на своите ловци?
Секоја недела, во секоја нова наредна епизода продолжува играта на мачка и глушец. Ќе бега од маорските војници на Нов Зеланд, номадските ловци во Монголија, единицата на мексиканската државна полиција која оперира на државната граница меѓу САД и Мексико како и посебно истренирани кучиња за трагање во Шкотска.
Ловот може да започне!