Discovery Channel за 1 ноември во 20 часот го најави премиерното емитување на двочасовниот документарец ,, Лавовите од резерватот Саби Сенд: Браќа по крв“ кој ја следи приказната за 5 браќа лавови од легендарната Мапого заедница која живее во Јужна Африка.
Лавовите во текот на 16 години се снимени од професионалци и аматери во Саби Сенд резерватот и го документираат моментите од нивното раѓање па се до моментот кога стануваат опасни мажјаци кои се борат за превласт. Во обидот за контрола над огромно подрачје, во меѓусебните двобои страдаат повеќе од 100 лава.
Оваа приказна е надополнета и со снимки од очевидци и изјави од мештани кои имале можност да го следат однесувањето на чопорот и борбата за власт.
Се чини дека лавовите по сложеноста на своето однесување се слични на луѓето. Филмот открива и изненадувачки софистициран облик на власт и одредена доза на политика во однесувањето на лавовите.
Факти за лавовите
(Извор: World Wildlife Fund)
- · Африканските лавови се најдруштвени од сите големи мачки.
- · Женките се тие кои се занимаваат со ловење додека мажјаците ја бранат територијата на чопорот.
- · Мажјаците секогаш јадат први и покрај фактот дека во најголем дел жените го ловат пленот.
- · Рикот на лавот може да се слушне на далечина од 8 км.
- · Лавовите живеат на рамнини и тревници, а луѓето сепак ги нарекуваат “кралеви на џунглата”.
- · Лавовите често спијат и по 20 часа на ден.
- · Лавовите можат да трчат со брзина до 80 км/ч , а можат да скокаат во височина и до 10 м.
- · Лавовите некогаш живееле во цела Африја, Азија и Европа. Сега живеат само во Африка со исклучок на еден национален парк во Индија и зоолошките низ светот.