Во пустинската жештина во Феникс, Аризона, пазарот на недвижности цвета. Секој ден стотина домови одат на аукција, а мудрите купувачи се натпреваруваат за да ги зграбат најдобрите домови.
И додека нивните понудувачи чекаат на суд, купувачите имаат само неколку минути да ја погледнат куќата пред почетокот на наддавањто. Потпирајќи се на комбинацијата од инстинкт и искуство, купувачите мора да најдат одговор на прашањето дали одредена куќа е вредна за нивното време и пари. Но недвижностите не се единствената причина за оваа борба- соперништвото меѓу купувачите може да ескалира до луди суми на пари.
Купувачите во секоја епизода се надеваат дека со наддавањето ќе осигурат дел од пазарот во Феникс. Дог Хопкинс, познат како ,,Кралот на Ист Валеј”, жестоко ја брани својата територија од другите. Неговите ривали, Скот Менејџд и Лу Аморос, се одлучни тие да го купат секој имот кој им паѓа во очи и не чувствуваат грижа на совеста кога ги навредуваат колегите купувачи во процесот.
Проследете како лицитирањето станува напнато и како расправиите кулминираат како што се зголемува температурата во Аризона. Следете го серијалот ,,Војни за недвижности” од четврток, 5 ноември во 20ч. на Discovery Channel.