Трејлерот за продолжението на филмскиот хит на „Марвел“ за „Капетанот Америка“, насловен како Captain America: Civil War го здогледа светлот на денот.
Роберт Дауни Џуниор и Крис Еванс во шоуто на Џими Кимел го најавија продолжението на филмскиот спектакл за еден од најомилените „Одмаздници“ – Captain America насловен како Captain America: Civil War.
Во трејлерот е прикажана борбата на Captain America и Iron Man кои ги глумат Крис Еванс, односно Роберт Дауни Џуниор – Двајцата „Одмазници“ се свртија еден против друг поради Владата која што сака да ги распушти.
Филмот ширум светот ќе започне да се емитува од 6-ти мај идната година, а дали нè очекува добра акција, проценете сами.