Нас, луѓето на ХХI век не карактеризира фактот дека потполно сме одалечени од своите ловечко-собирачки корени.
Во светот кој сè повеќе е опседнат со материјалното богатство, се ослонуваме на технологијата повеќе од било кога порано. Но, кога ќе останеме сами во борба со природата, колку нашите технолошки вештини ќе ни помогнат во преживувањето? Најпознатиот светски авантурист и експерт за преживување, Беар Грилс, за Discovery ја сними и втората сезона од серијалот „На остров со Беар Грилс“, која ќе започне да се емитува од 22 февруари до 22 часот.
Многупати сме се запрашале дали можеме да преживееме на пуст остров и како ќе се снајдеме ако навистина тоа мора да го направиме? За втората сезона, Беар одбира 14 мажи и 14 жени од сите слоеви на британското општество и им ги одзема сите благодати на модерната цивилизација. Ги остава на два пусти острови во Тихиот океан цели шест дена. Секоја група ќе биде потполно сама, самостојно и ќе се снимаат во борбата да пронајдат храна, вода и засолниште кои им се потребни за преживување. Напуштени со неколку основни алати и облеката која ја имаат на себе ќе ја достигнат границата на човечката издржливост. Можеби избраните острови изгледаат како рај, но позади убавите плажи се крие вистински пекол. Ќе покажат ли дека имаат доволно силен дух и снаодливост за преживување? Овој серијал се посветува на одземањето на погодностите од современиот живот за поединците да се соочат со вистината на нивниот живот како и да се поврзат со сржта во нивниот живот.
„На остров со Беар Грилс“-два серијали во еден
Во овој социјален експеримент, секоја островска заедница ќе биде сочинета исклучиво од еден пол- еден остров ќе биде населен само со мажи, а другиот исклучиво со жени.
Двете заедници никогаш нема да се сретнат, но предизвикот за преживување ќе биде паралелен и во исто време. Жените ќе бидат на Гибралеон островот, а мажите на островот Сан Телмо. И двете страни ќе се снимаат и емитуваат истовремено.
Улогата на Беар Грилс
Беар ја носи главната улога, не воведува во приказната и го надгледува експериментот на двата острови. Тој им овозможува основна обука за преживување на почетокот и ги носи двете групи кон нивните живеалишта. Откако ќе ги остави на островите, тој веќе нема да интервенира на било кој начин.