Филмот за слаткиот суперхерој Deadpool собори многу рекорди за заработка и се најде на првото место на бокс офисот по што студиото 20th Century Fox одлучи да сними и втор дел на Deadpool.
Од таму веќе испратиле одобрување за снимање на продолжение на филмот за „необичниот“ херој.
Сценаристите од првиот дел, Рет Рис и Пол Верник открија дека веќе го пишуваат сценариото за продолжението на Deadpool.
Со оглед на тоа што и актерската ѕвезда Рајан Рејнолдс во неколку наврати изјави дека би сакал да учествува во новиот проект, сега останува само на режисерот да потврди, па снимањето на продолжението и официјално да добие зелено светло.
Покрај тоа, откриено е дека во вториот дел ќе глуми Стивен Ленг кој на својот профил на Твитер најави дека можеби токму тој ќе го глуми мутантот Кејбл. Споменатиот лик доаѓа од еден од најпопуларните серијали за Deadpool – Cable & Deadpool.