Последниот викенд во август не очекуваат премиери на два нови документарни филма. Дип Блу- најголемиот снимен примерок на бела ајкула, ја има главната улога во документарецот „Челусти од длабочината”.
Втората премиера, „Враќањето на чудовишниот мако”, ни го открива таинствениот начин на живот на мако ајкулите. Документарните филмови оваа година ќе ни откријат фасцинантни податоци за овие животни и ќе не потсетат на нивната загрозеност во морињата и океаните ширум светот. Нурнете во најдобрите летни документарни филмови на „Дискавери каналот” на 27 и 28 август во 23 часот.
Неделата на ајкулите (анг.Shark Week) е телевизиски настан кој на „Дискавери” се прикажува веќе 28 години.
ЧЕЛУСТИ ОД ДЛАБОЧИНАТА – 27 август 23 часот
Морскиот биолог Грег Скомал заедно со REMUS камера специјално наменета за снимање ајкули, се враќа во Гвадалупе за да го пронајде Дип Блу- најголемата снимена бела ајкула. Овој пат во морето спуштаа две роботски подморници, една која може да отиде до 100м длабочина, а другата може да нурне дури до 600м. длабочина. Со помош на снимките од подморниците, научниците го откриваат начинот на однесување на големите бели ајкули, посебно техниките на ловење и стратегиите кои ги користат за да го намамат пленот. Снимен е и нападот на роботската подморница.
ВРАЌАЊЕТО НА ЧУДОВИШНИОТ МАКО – 28 август 23 часот
Експертот за ајкули Кејт Пу и морските биолози Мет Ејмејн и Грег Штунц заедно со остатокот од тимот се служат со најмодерната технологија за да го документираат однесувањето на 400 килограми тешката мако ајкула, која рибарите со право ја нарекуваат „величествена”. Кога мако ајкулата ќе досегне 3 метри должинаи 400 килограми тежина, доживуваат некој вид на трансформација. Нивното однесување станува таинствено и се свртуваат кон поголеми плен. Ретко се видени се до моментот кога Џо Ромереиро и неговиот тим не скокнат во море во текот на ноќта и се сретнат лице в лице со оваа величествена ајкула.