Пред само десетина години светот беше многу поразличен. Не постоеше YouTube, GoPro, iPhone, ниту пак Instagram ни Facebook.
Луѓето не ги споделуваа своите искуства секојдневно. Но, денес е многу поразлично. Светот го гледаме преку камера и кога и да посакаме можеме повторно да го преживееме секој момент од некој значаен настан.
Оваа серија ни нуди неверојатни приказни за преживување и тоа од уникатна перспектива, односно директно од луѓето кои стоеле на работ на животот и смртта, а притоа нивното искуство го имаат дигитално забележано. Случаи на луѓе кои биле заробени во лавина, случаи кога ги бркаат диви животни, непогоди како торнадо или пак се заглавиле во пештера или изгубиле на море.
Во секоја епизода од која ќе ви застане здивот, ќе се најдете во кожата на луѓето кои тоа го имаат преживеано, а тие ќе не носат чекор по чекор низ своите искуства и ќе имаме можност да го преживееме настанот заедно со нив.
Следете го серијалот „Уште сме живи“ на Дискавери секој понеделник во 21 часот.