Елена Бубало ‒ Некои ја знаат како фитнес-инструктор, некои како личен тренер, некои по спортските настани што ги организира, но најмногу по нејзината лична групна програма „Total Body Workout by Bubalo“.
Но, оние што ја познаваат и одблизу, знаат дека таа е и мајка на шестмесечно бебенце по име Андреј, а, пак, оние што не ја познаваат лично, веројатно се прашуваат како Елена има време за сè? Вели дека вежбањето ја исполнува, а мајчинството ја дополнува, но она што е најважно ‒ со добро испланирано време, баланс се наоѓа во сè. Нејзиното лично мото е дека жената не треба да се запостави во ниту една етапа од нејзиниот живот, а единствена граница да не ја постигнеме целта сме самите ние.
Таа е упорна и мотивирана, секојдневно посветена на тренинзите и приватно и професионално. Со спорт се занимава уште од основно училиште, а како тренер за групни и персонални активности е повеќе од 7 години, и тоа постојано надградувајќи се преку повеќе спортски семинари, конгреси и едукации.
Вели отсекогаш го сакала здравиот начин на живот, кој освен физичка активност во текот на денот, вклучува и здрава исхрана.
„Она што би сакала дополнително да го потенцирам е дека моите активности кон клиентите вклучуваат и совети за правилна исхрана и како да се биде во континуитет со здрави навики. Еден од редовните совети што ги давам е и консумирање на Balans+ како функционален јогурт што одлично влијае врз метаболизмот и дава добра енергија“, вели Елена Бубало.
Сака да биде витална и здрава цел живот, па затоа вежбањето и спортот ѝ се стил на живот без кои не може, а не само обврска што мора да ја заврши.
На прашањето што е нејзиното лично мото, таа вели:
„Фактот што сум жена и мајка не значи дека треба да се запоставувам, впрочем не треба да се запоставува ниту една жена, независно во која етапа од животот се наоѓа. Оттука е и моето мото, кое вели: Единствена граница да не ја постигнеме целта сме самите ние.“.
Токму поради нејзината детерминираност таа секојдневно ги применува и своите ритуали, кои вели најчесто се врзани со исхраната.
„Мојот утрински тренинг започнува со добро истегнување и загревање, па потоа следува здрав и балансиран оброк што задолжително содржи и чаша Balans+ јогурт, пред сè, поради неговото изобилство од калциум што за мене е од големо значење. Појадокот секогаш ми содржи и различен извор на протеин, јаглехидрати и масти“, рече Елена.
Ниту семејството, ниту мајчинството, но ниту останатите обврски, вели не ја менуваат нејзината рутина; впрочем не ја променила ниту во бременоста, единствено што тренинзите и храната ѝ биле приспособени на моменталната состојба.
„Мајчинството можеби смени дел од мојата секојдневна рутина, но не ја смени мојата дисциплина. Бидејќи сè уште сме на мајчино млеко, сменив мал дел од исхраната, но во секој случај, здрав и избалансиран оброк се препорачува за секоја бремена жена и за секоја мајка што дои, па така Balans+ не го исклучив од исхраната во ниту еден момент“, раскажува таа.
Исхраната за неа е исклучително важна, па затоа се труди во текот на денот да има пет оброци од кои три се главни и две ужини. Во секој од оброците настојува да ги внесе трите важни компоненти за телото и метаболизмот, а тоа се здрави јаглехидрати како зеленчук, овошје, житарки, потоа протеини како месо, риба, јајца, урда, јогурт Balans+ и, секако, здрави масти како јаткасти плодови, авокадо, ладно цедено маслиново масло и сл.
Зборувајќи конкретно за Balans+, Елена вели:
„Тој е задолжителен во рамките на мојот утрински појадок, а сè почесто и во вечерата. Тој е богат извор на калциум, важен за секого од нас, особено доколку се троши повеќе со вежбањето. За мојата исхрана особено е важна и неговата ниска масленост од 1%, но причината поради која можеби и најмногу го консумирам е во моментите кога не успевам со себе да земам комплетен оброк, а овој одличен пробиотски функционален и хранлив производ на вкусен начин ми помага во моето динамично секојдневие и често ми претставува замена за брз оброк или, пак, добра ужина.“
Грижата за своето здравје, своето тело и за својот изглед е неопходна, па затоа Елена Бубало препорачува дека всушност е лесно да се храниме здраво, само треба да се почне денес и веќе исхраната ќе стане една убава навика за која телото ќе ни биде благодарно.
„Запомнете дека тоа е единственото место во кое живеете и затоа водете грижа за него.“
Целото интервју со Елена Бубало можете да го прочитате овде.