Влатко Неделковски: Ако верувате во себе и во тоа што го правите, успехот ви е неизбежен

Спонзорирани линкови

Млад, талентиран но и преполн со искуства – Влатко Неделковски, кошаркар кој својата кариера ја започна како играч во КК “МЗТ Скопје” а денес ја продолжи зад аут линијата како тренер на млади категории на деца кои за прв пат се запознаваат со кошарката, амбициозен тренер на млади надежи на кои несебично им ја пренесува своја љубов, енергија и знаење и ги насочува на патот кон противничкиот кош.

Што беше пресудно да направиш пресврт во својата кошаркарска кариера и да станеш тренер?

– Како играч во младинските категории, сретнав и работев со неколку тренери кои беа вистински репер за играчот од аспект на авторитет, стратег, мотиватор, психолог, принцип на пренесување знаење, однос со играч и тим, добар менаџер. Ќе гo издвојам Горан Андреевски (Партизан ВС). Нивната работа ме натера да се одлучам да застанам на аут линијата и почнам да се едуцирам за таа професија. Преку Паризан ВС и Работнички како тренер со млади категории стигнав до единствениот клуб за кој навивам и живеам, тоа е МЗТ Скопје.

Може ли да ни го раскажеш твоето искуство како тренер? Како се снаоѓаш со децата?

За време од 2 и пол години, релативно кратко време во оваа професија, сеуште сум во фаза на едукација и созревање, но искуството е преголемо со фактот што имав шанса да бидам асистент тренер на повозрасни генерации но и со оние најмладите и да работам со професионалци тренери и менаџери. Со заедничка тимска работа, направивме одличен резултат на индивидуално и клубско ниво. Што се однесува до работата со помали дечиња кои ги прават првите чекори во кошарката и се запознаваат со овој спорт, можам да кажам дека имам поголема и лична одговорност. Тренер сум на вкупно 70 дечиња, поделени во групи. Исклучително тешка задача и одговорна пред се од психолошки аспект, но со поддршка од повозрасните и поискусните тренери кои се постојано покрај мене, работата со нив ми претставува задоволство и олеснителна околност.


Што се случува моментално во клубот, како помина минатата сезона и кои се плановите за понатаму?

Од оваа сезона, во клубот се случија темелни промени пред се во стручниот штаб и управата, па до тренерскиот кадар. Новата енергија вроди измени во работата и нови идеи на долги патеки. Целта е една, македонскиот бренд во кошарката МЗТ Скопје кој е единствен клуб кој настапува надвор од рамките во Македонија, да настапува со македонски стратег и македонски ростер на играчи. Надоврзано со ова, фокусот е во младинските категории и насочен на креирање македонски играчи кои ќе ги бранат боите на клубот, но и носители на репрезентацијата. Во тој поглед како новитет, ние како клуб ангажираме реномирани тренери ширум овие простори кои оддржуваат еден вид на семинар преку практични тренинзи со младите што резултира со едукација и иновативност како кај играчите така и кај тренерите, посебно за младиот кадар на тренери. Прв наш гостин беше Борислав Џаковиќ, голем професионалец и познато име на овие простори. Тој беше присутен 10 дена и оддржа повеќе тренинзи индивидуални и тимски што е од голема важност пред се за младите играчи и нивниот напредок. Размената на искуство од ваков тип е повеќе од потребна за развој на младите играчи, така што со сигурност ваквиот принцип на работа ќе го продолжиме и во иднина со многу големи тренерски имиња. Тоа е долг процес и тежок, но не и недостижен. Верувам со ваков колектив во клубот ќе направиме промени, затоа што ако некој е способен тоа да го направи, дефинитивно тоа е МЗТ Скопје.

Има ли млади таленти во МЗТ Скопје кои допрва треба да бидат докажани на терените?

Таленти имало и ќе има, не само во МЗТ Скопје туку во сите клубови кои работат со млади категории. Проблемот е далеку подлабок и веќе трае со години. Гледањето на моментален резултат кај детето а не на долги патеки како тоа ќе се развие доведува излезот да го бараме во странски играчи а полека и во странски тренери. Оној мал дел млади надежи кои ги имаме во клубовите во сениорска конкуренција на многу малку им е дадена вистинска шанса за тие да се докажат, причина е билдање на тренерското ЦВ кое се битни победи а не неговиот развој и стекнување искуство. Се ова резултира со натпреварување во Б дивизија со сите репрезентативни категории. Во корелација со се ова, МЗТ Скопје се посветува кон младите играчи и конечно целиот тој третман врз младите таленти да престане. Создавање на некој нов Перо Антиќ, Тоше Гечевски, или Владо Илиевски е наш прв приоритет. Дополнително нашите млади надежи се натпреваруваат во младинската Јадранска (АБА) лига што е дополнителен мотив за работа на целиот колектив.

Што треба да поседува еден млад кошаркар во Македонија за да успее да изгради врвна кошаркарска кариера?

За успех потребни се многу фактори и истите да се поклопат едни со други. Талентот не би бил доволен ако не е поткрепен со макотрпна работа и посветеност. Овие два сегмента не би дошле до успех ако ја нема присутно среќата. Спортистите се најчесто изложени на повреди. Кога се ова ќе стане целина шансите се огромни да станат кошаркари а колку би била врвна нивната кариера тоа зависи од самите нив, бидејки многу важен фактор е и карактерот на играчот. Но ако веруваат во себе и во тоа што го прават, успехот е неизбежен.

Се разбира, мора да се внимава и на исхраната, така?

Здравата исхрана и одморот се еден од најважните делови во тренажниот процес. Како главен извор на енергија за извршување на тренингот, играчот не смее да ги запостави овие две работи кои играат огромна улога.

Што би им препорачал на младите кошаркари и оние кои сакаат но се двоумат да тренираат кошарка. Кој би бил твојот совет до нив?

Лично за мене кошарката е најубавиот спорт. Би препорачал сите да се запишат на кошарка во МЗТ Скопје и да ја осетат магијата на спортот. Љубовта и жарот кон топката и тренингот стануваат дел од нивните секојдневни навики, па така се градат низ животот како здрави, интелигентни личности и кога не би се бавеле со спорт. Сепак мислам кошарката е повеќе од спорт, еден вид начин на живот.

За оние деца кои сеуште се плашат или двоумот, може ли накратко да ни опишеш како изгледа еден тренинг?

Секој тренинг е своја приказна. Преку заедничко дружење, кошаркарски игри и забава ја пренесуваме и ги запознаваме со основата на кошарката. Покрај тоа, дел од тренингот посветуваме на вежби во делот на истегнување на телото (stretching) многу важен сегмент во фаза на правилен раст и развој кај дечињата. Врвни тренери за врвни спортисти. Секој е добредојден во нашата сино-бела фамилија.

Кои се твоите планови за иднина кога станува збор за МЗТ Скопје?

Моите први чекори беа во МЗТ Скопје, така што моја прва кошаркарска љубов е МЗТ Скопје. По неколку години отсуство, повторно се вратив дома но во улога на тренер со млади категории. Додека многу тренери сонуваат за врвна кариера, европски клубови, мојата единствена желба е титула во сениорска конкуренција со мојот клуб. Овде во Аеродром. Така што моите планови во иднина секако се овде. Тежок е патот до целта, но за моја среќа јас сум на истиот тој пат.

Што е она што ѝ недостига на кошарката кај нас, во Македонија?

Низ годините како играч но и како тренер сведок сум на многу недостатоци што се соочуваат претежно помалите клубови кај нас. Огромен проблем претставуваат основните потреби како што се овозможување опрема, нормална сала и топла во зимскиот период и достапна во секое време за тренинг, исхрана, сместување на играчи од други градови, нивна финансиска надокнада или стипендија. Покрај се ова кај нас постои огромна желба за работа, па мислам дека со малку постабилна финансиска состојба на клубовите би биле на повисоко ниво за разлика од сега.

Со оглед на твојата посветеност на работата, очекувате ли да бидете повикан од Кошаркарската федерација за да подучувате млади играчи?

Воопшто не размислувам на таква опција, барем не за сега. Сеуште сум млад и имам доста простор за едукација да можам да пренесам знаење на репрезентативно ниво. Но има млади перспективни и потенцијални тренери кои мора да им се даде шанса. Еден од нив е Никола Велев. Одличен професионалец и спортски работник со многу потенцијал и огромна амбиција за нешто големо. Чест ми е што го познавам и имам шанса да се едуцирам на таков начин, па со тек на време да земам и таква одговорност да ја предводам нашата репрезентација.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford