По учеството како македонски претставник во химната за Светското првенство во ракомет, Даниел Кајмакоски подготвува солистичка песна.
Даниел на „Инстаграм“ сподели дел од песната на српски јазик, која наскоро ќе биде снимена и промовирана во јавност.
По победата на првиот „Икс-фактор“, Кајмакоски сними неколку песни, меѓу кои дует со детскиот хор „Златно славејче“ и тема за филмот „Ќе бидеме светски прваци“, со која во моментот се наоѓа на врвот на „Домачица“, главната топ листа на „Ем-Ти-Ви Адрија“.
Со песната „Лисја есенски“, со која победи на „Скопски фестивал“, Кајмакоски во мај ќе нѐ претставува на „Евровизија“ во Виена, Австрија.