Триото на Тони Китановски најавува хуманитарен џез концерт во среда, 11 февруари, во скопскиот клуб „Jazz Inn“ на кој ќе се собираат финансиски средства за помош на луѓето кои настрадаа во поплавите.
Сите собрани средства, најавуваат од Триото, ќе бидат донирани на една од отворените жиро сметки од Црвениот крст.
Влезница нема да се наплаќа, но на самиот влез ќе биде поставена картонска каса означена со симболот на Црвен Крст.