Од 6 мај до 10 мај, пред отворениот паркинг простор во склоп на “Веро Центар” посетителите секојдневно ќе имаат можност да уживаат во добро вино, деликатесна храна и музика за сечиј вкус.
На овогодинешниот вински фестивал го славиме виното преку селективно одбрани домашни винарии во кои посетителите ќе имаат можност да дегустираат сортни македонски вина по промотивни цени.
Посетителите покрај дегустацијата на доброто вино и деликатеси ќе имаат можност да се забавуваат со одлична музика. Најавени се музички имиња од мекедонската естрада како и од соседството.
Меѓу бројните музички ѕвезди свој настап ќе имаат култните Last expedition, легендарниот Игор Џамбазов како и црногорскиот шармер Бојан Маровиќ.