Младата пејачка Ана Симоновска сними видео запис за неодамна објавената песна насловена како „До последен миг“.
Музиката и текстот, како и за моите претходни остварувања, ги напишав самата, за аранжманот се погрижи Дарко Тасев, со кого имам повеќегодишна успешна соработка, а за продукцијата е одговорен Кристијан Габровски. Во изминатите неколку месеци работев на уште две нумери, повторно со Тасев, кои беа снимени во До-Ре-Ми студио со продуцентот Златко Симионски, а ќе бидат промовирани во периодот кој следува.
„До последен миг“, а воедно и сите досега објавени песни, може бесплатно да се преземат на www.soundcloud.com/anasimonovs