Американскиот актер Елајџа Вуд познат по улогата на Фродо од трилогијата „Господар на прстените” на оскаровецот Питер Џексон, на 4 јуни ќе дојде во Скопје, но не во улога на актер, туку како диџеј.
Триесет и петгодишниот Вуд ќе настапи на шестиот фестивал „Здраво млади“ што го организира Младинскиот културен центар.
– Елајџа е сопственик на издавачка куќа и има колекција од околу 4.000 плочи. Во паузи од снимања, слободното време го користи за диџејување со својот другар Зак Коуви, патуваат ширум светот и прават одлични забави.
– Познати се како дуото „Вуден виздом” кое пушта класични фанк-соул теми, меланхолични стари инструментали, денс њувејв за шизење од 80-те”, информира МКЦ.
Вуд експериментира со електронска продукција уште од тинејџерските денови, а со диџејство се занимава од 2001 година.