Последната епизода од седмата сезона на шоуто Еден на Еден заврши со песна за гостите што Жаре ја отсвири како потсетување на можеби најдобрата македонска ток шоу сезона досега.
Во следните неколку саботи, стандардниот термин 19:15 часот на Телма ќе биде резервиран за репризи на некои од најинтересните гостувања.
Еден на Еден екипата се враќа на тв екраните на есен, како што напишаа на фејсбук, уште подобри и поинтересни.
Сега, уживајте во песната за сезона 7 од вашето омилено шоу!