Шести ден Баскерфест во Скопје , артистите се вљубија во градот

Спонзорирани линкови

Веќе шести ден Скопје дише во ритамот на уличната уметност. Градскиот плоштад „Македонија” е централното место каде што се одвива фестивалот „Баскерфест” со секојдневни настапи на артисти од целиот свет.

„Оваа година имаме артисти од Аргентина, Бразил, Италија, Романија, Јапонија, Нов Зеланд, Америка, Германија. Тие веќе се како едно големо семејство, бидејќи за време на „Баскерфест” постојано се заедно. Фестивалот освен што нуди забава за сите македонски посетители, привлекува и голем број туристи кои уживаат во театарот под отворено небо кој секојдневно од 19:00 до 00:00 се одвива на градскиот плоштад „Македонија” во центарот на Скопје” – изјавија од организацијата на фестивалот.

Артистите се воодушевени од Скопје. Велат дека одлично се забавуваат овде и дека највеќе им се допаѓа македонската гостопримливост.

„Македонија е прекрасна земја. Се заљубив во Скопје, луѓето овде се многу гостопримливи. Навистина убаво си поминувам додека настапувам тука. За мене аплаузот е најголема награда и доказ дека настапот бил успешен. Моите настапи се полни со магија, но и со хумор, сакам да ја засмејувам публиката. Сакам да се оженам овде, ве молам најдете ми убава македонска девојка”-низ смеа изјави Тепе Томоока кој настапува под псевдонимот „Перформер монк”

„Трет пат сум во Скопје и супер се забавувам. Многу ми се допаѓа големата фонтана на плоштадот каде што и ја изведувам мојата точка- „Сирена шоу”. Работам со големи меури од сапуница и ги поканувам сите македонци да дојдат и да го видат мојот атрактивен настап во фонтаната”- вели Мијоко од Токио.

„ Правам одлично рокенрол шоу, кое многу им се допаѓа на луѓето, а и мене ми се допаѓаат луѓето овде. Воодушевен сум од Старата чаршија и Бит Пазар, имате најдобро еспресо кафе на светот. Атмосферата во Скопје е супер, повторно ќе се вратам овде иако ми е малку топло”- изјави Винил Брнс од Нов Зеланд.

Сподели на:

Спонзорирани линкови

OСТАВЕТЕ КОМЕНТАР

Селебрити Филм Музика МК Сцена Ноќен живот Интервју
Концерт на Теа Таировиќ на 30 ноември во Скопје
Интервју со Премиер Бенд
Емотивна празнична честитка од ДСУ за рехабилитација и образование ,,Свети Наум Охридски ” Скопје
Лајфстајл Здравје Мода и убавина Wake up Травел Родители и деца Дом и дизајн Кулинарство Спорт
Доколку сакате ова лето цела плажа да „одлепи“ по вас, правете ја оваа вежба!
Писмата до Дедо Мраз
РОТА ВИРУС кај новороденчиња и мали деца, реагирајте веднаш
Љубовни врски Афродизијак Камасутра Машки свет Женски свет Gentleman's Choice Lady's Choice
Заљуби се во некој што повеќе ќе ти ја сака душата отколку телото
Искрен совет до мажите: Како да сакате една девојка?
Прекрасни совети од луѓе кои со години биле сами и на крај пронашле вистинска љубов
Тематски хороскоп Хороскоп
Петте најубави жени според хороскопскиот знак
Зошто треба да се заљубите во една Вага?
Секој хороскопски знак има посебен талент – Дознајте кој е вашиот
Занимливости Мистерии Луд свет Уметност Know How Ретро
Дино Парк во Скопје – Вистинска атракција за сите генерации
Комуникативни сте, и менаџментски спремни? – „План -б“ Ви нуди соработка: Работите кога сакате, колку сакате!
Преслатко: Погледнете како танцува ова девојче
Фото стории Забава ТВ Направи сам Факти и цитати Тестови и квизови Читална
Избор
После колку удари се предаваш?
Предновогодишна генералка
Наука Интернет Хардвер Софтвер Мобилни Гаџети Gamereport Футурама
Студенти на УГД креираа паметна апликација која може да го спаси и вашиот живот!
Интернетот не e само игра. Кликај безбедно… Вип започнува со едукативна програма за деца за безбедно користење на интернет
InTech X Meets Massive Interactive на 5-ти декември во МКЦ, Скопје
Новитети Fun News Концепти Сајмови Совети
Ford го претстави новиот Focus – Најиновативeн, динамичен и возбудлив Ford досега
Деца измислија „зелен“ начин како да го одржуваат ветробранското стакло чисто
Нова мобилна апликација за возачите на Ford