Момчето кој ја освојуваше јавноста со своите акустични преработки на познати македонски песни на Јутјуб, Марко Логаут, ја промовираше својата нова песна „Morning Light“, која се најавува како вистински летен хит.
Текстот и вокалот на „Morning Light“ се на Марко Логаут, зад музиката и аранжманот стои Марио Еди, додека за микс-мастерингот е задолжен Рубин Димкоски.
Видеоспотот се снимаше на познатата прилепска атракција Памуккале, а режисер на истиот е Никола Китановски.
Погледнете го спотот: