Во кратка розова сукњичка нашата пејачка Симона Попоска или нагалено како што милуваат да ја нарекуваат (МонБонБон), го закочи целиот сообраќај во центарот на градот.
Не станува збор за некаков сообраќаен прекршок, туку автомобилите беа стопирани поради новата фотосесија на пејачката. Фотосесијата ја работеше фотографот Зоран Зонде Стојановски заедно со тимот стилисти; креаторката Ива Спасовска која специјално ги изработи креациите за фотосесијата, во чии креации ја гледаме пејачката и на нејзините настапи, мејкап артистот Бобан Тодоровски и Ивана Заковска. Заприметно е дека веќе Симона има изградено свој стил и печат на поп сцената.
Во моментов пејачката со својот соработник Ерик ја подготвуваат својата нова песна на англиски јазик, за која комплетен автор е самиот Ерик Фокс.
Најновото од The Sound Messengers е нивниот нов веб сајт каде што ќе можете да ги дознаете сите информации, видеа од настапи и фотографии за Ерик и Симона.
Благодарност до Дејан Станојевиќ, Перо Здравкоски и Стефан Кундески и http://www.sensadvert.net/
Уживајте во фотографиите, додека цела фотосесија можете да ја погледнете тука.