На првата полуфинална вечер на Евросонг 2015 учетсво ќе земат 19 држави а македонскиот евровизиски претставник Даниел Кајмакоски ќе настапи втор на првата полуфинална вечер.
Први се претставниците на Грција, следуваме ние а потоа: Естонија, Холандија, Молдавија, Финска, Белгија, Ерменија, Србија, Данска, Белорусија, Романија, Русија, Албанија, Грузија, Унгарија, како и две земи од големата петорка Шпанија и Франција, и земјата домаќин Австрија.
Кајмакоски со “Лисја есенски” ќе се обиде да ги освои срцата на европската музичка јавност и да обезбеди што повисок пласман, во конкуренција од 39 изведувачи.
Во второто полуфинале ќе се натпреваруваат преставниците на 20 држави – Норвешка, Ирска, Чешка, Литванија, Сан Марино, Малта, Португалија, Црна Гора, Швајцарија, Азербејџан, Словенија, Латвија, Полска, Исланд, Израел, Кипар, Шведска, како и плус трите земји од големата петорка и тоа Германија, Италија и Велика Британија
Првото полуфинале ќе се случува на 19 мај, второто на 21, а финалната вечер е закажана за 23 мај.