Пејачката Рената Кралевска го промовираше новиот шести сингл „West Side Story“. Песната премиерно ќе биде промовирана и на „Радио експрес“ во Лос Анџелес со дистрибуција до повеќе од 7.000 радија во светот.
– Песната е за една поинаква љубовна приказна, поточно што ја доживуваме како филмска љубовна приказна. Верувам дека секој од нас ја има оваа „западна приказна” или заслужува да ја има. Емоцијата го доловува чувството на вистинска личност покрај себе, личност која би направила да се почувствуваш посебно, единствено, со голема сигурност и заводливост. Таков е и самиот звук, попровокативен и сексапилен. Оваа песна доста се разликува од останатите кои ги имам издадено и некако е најмногу по мој вкус. Овој звук ме опишува целосно, се пронаоѓам во целата оваа приказна – изјави Ренната.
Текстот на „Westside story“ е дело на Ренната, а композитор и продуцент на песната е Зоран Алексиќ. Видео записот се подготвува во моментов од страна на „Sky Eye Entertainment“, а на музичкиот пазар ќе се пласира за еден месец.