Српската евровизиска претставничка за годинава, Бојана Стаменов деновиве го претстави официјалниот видео запис за нејзината „Beauty Never Lies“, кој се снимаше во прекрасниот дворец Дунѓерски во Кулпин.
Пејачката, која во 2012 година се прослави со учеството во емисијата „Јас имам талент“, победи на српскиот избор со песната „Цео свет је мој“, потпишана од Владимир Граиќ, авторот и на победничката „Молитва“ на Марија Шерифовиќ во 2007 година.
– Сето тоа е со цел да им бидеме што е можно подостапни на евровизиските фанови. Навистина би сакала да ме запознаат подобро, да видам која сум јас. Не само што ќе имаат можност да ѕирнат зад сцената, туку и во обични денови. Тоа одлично се вклопува со пораката на песната. Сите ние сме мошне обични луѓе, но истовремено посебни и различни. Треба да бидеме свесни за тоа и да го кажеме јасно и гласно – порача пејачката во неодамнешно интервју за официјалната евровизиска веб страна мислејќи на промотивната турнеја за промоција на песната ширум Европа.