Хајди Клум и Педро Паскал, познат по улогата на принцот Оберин Мартел, ја запалија атмосфераа во новиот спот на пејачката Сија.
Песната се вика „Fire Meet Gasoline”, а како што и самите претпоставувате, атмосферата е и повеќе од „жешка“.
Имено, австралиската кант-авторка Сиа, која во моментов е актуелна и со соработката со таткото на диско музиката – Џорџо Мородер, својата песна „Fire Meets Gasoline“ од албумот „1000 Forms Of Fear“, ја позајми за новата кампања за долна облека на светскиот топ модел Хајди Клум.
-“Fire Meets Gasoline“ не е официјален видео запис, ниту е мојот нов сингл. Тоа е реклама за долна облека, за којашто дозволив да се искористи мојата песна – појасни пејачката на социјалните мрежи.