Со „Полско цвеќе“ од Тоше Проески, нашиот Трајче Ѓоргиев повторно го освои жирито и сите 5 гласа.
-Уживаме кога и да ја слушнеме таа твоја емоција и добро е што песната е на твој мајчин јазик, тоа е тоа, рече Милан.
Настапот на Трајче, според Јелена Томашевиќ е премногу емотивен, но како што кажа таа уживала во него.
Гоца му пренесе голем број поздрави од сите фанови, а Хари и Леонтина му дадоа добронамерни совети.
Трајче и во својата прва аудиција на Пинкови ѕвездички“ ги освои симпатиите на сите членови на жирито, а и на слушателите на целиот Балканот.
Слушнете ја неговата изведба, но претходно земете си марамче- Трајче ќе ве расплаче.