Џејсон Деруло заедно со екстра познатата дива Џенифер Лопез објавија нова песна, „Try Me“.
Оваа песна ќе се најде на листата на четвртиот албум на Деруло, „Everything is 4“, кој ќе се пушти во продажба на 4 јуни.
Според ритамот на песната, по сè изгледа дека ова ќе биде еден голем летен хит. Во 2013 година, Деруло ја објави песната „Talk Dirty to Me“, која е инспирирана од балканската фолк музика, а се наоѓа на неговиот претходен албум „Tatoos“.