Наташа Беквалац дефинитивно направи вистински избор на музика. Нејзиниот нов сингл „Оригинал“ кој во вторник вечерта беше објавен заедно со многу провокативниот спот привлече доста внимание, а во последните 48 часа ги собори сите рекорди.
За само два дена од премиерата на песната и спотот на „Оригинал“, Наташа Беквалац имаше причина за славење. Нејзиниот проект дефинитивно е успешен и снимањето на спотот кое понекогаш траело и по 24 часа дневно вроди со плод.
– „Ви благодарам за неверојатната гледаност на спотот за песната „Оригинал“… не постои посреќна од мене“ – напиша пејачката на социјалните мрежи.