Една од најзначајните учесници во „Парови“ Сенада Нуркиќ одлучила заработените пари во реалното шоу да ги вложи во својата кариера и да ја искористи моменталната популарност која и ја донесе шоуто.
По излегувањето од реалното шоу Маца веднаш ја собра екипата соработници и веќе го сними првиот сингл, кој се очекува да излезе во средината на август. Првата песна на Маца е насловена „Дискретно“ и правена е да биде хит во клубовите и дискотеките.
– „Презадоволна сум како сѐ излезе. Не што е мој првенец, но навистина верувам дека ќе стане голем хит. Посебна е по многу што и потполно беше за очекување мојата прва песна да се вика „Дискретно“ и сигурна сум дека најмногу ќе им се допадне на дискретните мажи, а на оние кои не се, ќе им помогне да станат. Да се биде дискретен е успех“ – вели Маца низ насмевка.